Јаник Синер го освои Мастерсот во Рим

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Рим и во финалето го совлада Каспер Руд со 6-4, 6-4 и ја освои титулата.
Со овој триумф, Синер стана првиот Италијанец по цели 50 години кој успеал да го освои престижниот турнир во Рим.
Синер има и 29 последователни победи на сите турнири, а во последните 53 меча има дури 51 триумф.
Дополнително, статистиката станува уште поимпресивна ако се погледне дека на Мастерс турнирите Синер освоил 68 од последните 71 сета што ги одиграл.
Титулата во Рим е негова десетта Мастерс титула во кариерата и вкупно 29-та АТП титула.