Мајорка и Џирона испаднаа од Примера

Полека се спушта завеста на фудбалската сезона во Шпанија. Последното 38-мо коло го даде одговорот кои екипи ќе му се придружат на Овиедо во Втората лига. Тоа се Мајорка и Џирона.

Вечерва се одиграа девет од вкупно 10 натпревари од последното 38-мо коло. Утре сезоната ќе заврши сио дуелот меѓу Виљареал – Атлетико Мадрид.

Многу работи беа познарти уште пред последното коло.

Ново-стариот шампион е Барселона, втор е Реал Мадрид, утре Виљареал и Атлетико ќе решат кој ќе заврши на третото место, петти е Бетис. Овие пет клуба ќе ја претставуваат Шпанија следната сезона во Шампон лигата.

Шестата Селта ќе оди во Лига Европа, седмиот Хетафе во Лигата на Конференциите.

Останува да се види дали Рајо Ваљекано ќе направи подвиг и ќе ја освои Лигата на Конференциите против Кристал Палас во среда, што автоматски би му обезбедило учество во Лига Европа следната сезона.

Последното коло донесе вистинска драма во борбата за опстанок.

Клучниот натпревар се одигра во Каталонија, во Џирона, на стадионот „Монтеливи“, каде гостуваше Елче. Пред последното коло, Џирона беше прва под линијата, со два бода помалку од Елче и само победа им обезбедуваше опстанок.