Слот: Сезонава ја исполнивме барем минималната цел

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ги пофали играчите за пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите.

„Има многу работи што можевме да ги промениме. Како менаџер никогаш не можете да бидете совршени, исто како што играчот никогаш не може да биде совршен.

Во последниве сезони, големи клубови не успеваат да се квалификуваат за Лигата на шампионите, навистина сум горд на играчите“, рече тренерот на „црвените“.