Пет НБА клубови го сакаат Јанис

Иднината на Јанис Адетокумбо во Милвоки повторно е една од најголемите теми во НБА-лигата, а американските медиуми сè почесто пишуваат за можноста тој да ја напушти франшизата во која ја помина целата досегашна кариера.
Иако официјално не побарал размена, според бројни извештаи, Бакс е подготвен да ги види понудите од другите клубови, особено по уште една разочарувачка сезона во која не успеа сериозно да се вмеша во битката за шампионската титула.
Меѓу најзаинтересираните клубови се споменува Њујорк, кој со месеци важи за еден од најагресивните кандидати за доведување на грчката суперѕвезда. Никс сака ново заштитно лице околу кое ќе гради шампионски проект, а Јанис совршено се вклопува во таа визија.
Во играсе Бостон , Голден Стејт Мајами и Хјустон.