Радовиш живееше во духот на борењето

Повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, бројни спортски делегации, гости и љубители на спортот, беа дел од јубилејното 50-то издание на Меѓународниот боречки турнир – „Македонски бисер“ кој се одржа во Радовиш.

Настанот во текот на викендот зад нас уште еднаш ја потврди позицијата меѓу најзначајните и најреномирани боречки турнири во регионот. Во силна меѓународна конкуренција, трофејот „Македонски бисер“ заслужено му припадна на Омер Мемеди, кој доминираше во категоријата до 92 килограми.

Признанието за најдобар домашен борец го доби репрезентативецот, Расул Шапиев (74 кг), додека за најдобар странски борец беше прогласен молдавскиот претставник, Раду Лефтер (125 кг).