Обрадовиќ се враќа во Атина, пак ќе го преземе Панатинаикос

Медиумите во Грција веќе ја загреваат атмосферата и тврдат дека Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, ќе ги прифати сите услови на Жељко Обрадовиќ, само за да го види најтрофејниот во Евролигата на чело на својот тим.

Сезоната за Панатинаикос не само што не е завршена, туку тимот на Ергин Атаман ќе излезе на теренот за два дена да се бори за титулата најдобар тим во Грција, против Олимпијакос, актуелниот европски шампион.

Сепак, додека играчите се борат на теренот, контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, прави сè за да го донесе Жељко Обрадовиќ на клупата.

По дебаклот во Евролигата, Панатинаикос бара од играчите да го освојат шампионатот на Грција, но работат на формирање тим за следната сезона.