Стеф Кари потпиша спонзорски договор вреден над една милијарда евра

НБА кошаркарот Стеф Кари стави крај на потрагата по нов спонзор за спортска опрема, откако потпиша долгорочно партнерство со кинескиот спортски гигант „Ли-Нинг“.
Четирикратниот шампион во НБА цели 13 години соработуваше со компанијата „Андер Армор“, но двете страни ја прекинаа соработката во ноември минатата година.
Оваа е повеќе од договор за патики, повеќе од препознатлива линија на производи. Ова е партнерство за цел живот“, изјави 38-годишниот Кари, кој се подготвува за својата 18-та сезона во НБА во дресот на Голден стејт.
Според информациите на „ЕСПН“ договорот меѓу Кари и „Ли-Нинг“ е со важност од десет години. Иако официјалната вредност не е објавена, на социјалните мрежи и во дел од медиумите се шпекулира дека станува збор за сума поголема од една милијарда долари.
Некои извори наведуваат 1,19 милијарди, а други околу 1,2 милијарди долари.