Петнаеесет федерации на Самитот за родова еднаквост во спортот ги презентираа акциските планови за инклузивност

Денес во Скопје се одржа Самитот за родова еднаквост во спортот, на кој беа презентирани резултатите од проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“.

Настанот е во организација на Македонскиот олимписки комитет во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка, здружението „Sport Social Solutions“ и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија а реализиран со финансиска поддршка од Европската Унија.

Како што беше истакнато на самитот, во рамките на овој проект, 15 национални спортски федерации добија суб-грантови во висина од 6.700 евра. Овие средства се наменети за развој и спроведување на сопствени акциски планови за родова еднаквост, како и за имплементација на конкретни мерки со кои спортските организации треба да станат поправедни, побезбедни и поинклузивни.