Осимен понуден на Барса, но само доколку Каталонците не го доведат Алварез

Барселона продолжува активно да работи на засилувања за новата сезона, а по ангажманот на Ентони Гордон, раководството на каталонскиот гигант е фокусирано на доведување нов напаѓач. Прва желба на клубот е Хулијан Алварез, но неговиот трансфер во моментов изгледа како тешко остварлива мисија.
Поради тоа, на Барселона ѝ била понудена друга атрактивна опција за засилување на офанзивната линија.
Според светските медиуми, агентите на Виктор Осимен го понудиле нигерискиот голгетер на каталонскиот клуб. Напаѓачот, кој настапува за Галатасарај, би можел да биде достапен за сума од околу 75 милиони евра.
Осимен зад себе има одлична сезона во турскиот шампионат. На 33 натпревари во дресот на Галатасарај постигна 22 гола и додаде седум асистенции, бројки кои повторно го вметнуваат меѓу најбараните напаѓачи на европскиот пазар.