Португалија и Чиле „се тепаа“ во пријателски меч, победи европската селекција

Португалија го победи Чиле со 2-1, во пријателски меч одигра во Лисабон.
Натпреварот го обележа она што се случи во финишот на првото полувреме, кога судијата подели два црвени картони.
Физички се пресметаа чилеанскиот дефанзивец Иван Роман и португалската ѕвезда Рафаел Леао. Рамон заврши на земја откако Леао го турна во лицето со рака, по што другите играчи ја смирија ситуацијата.
Судијата им покажа на Рамон и на Лео директни црвени картони по кратка мешаница. Одлуката предизвика протести од двете страни, а публиката го испрати судијата со свирежи. Екипите влегоа во второто полувреме со десет играчи.
Ова е претпоследниот пријателски натпревар на Португалија пред Светското првенство, каде што е во група со Колумбија, Узбекистан и ДР Конго. Чиле не се квалификуваше за Мундијалот.