Антонели победи и на ГН на Монако

Младиот возач од Италија, Андреа Кими Антонели, ја оствари петтата победа во серија во Формула 1 откако беше највешт на трката за Големата награда на Монако. Истата донесе две влегувања на безбедносното возило и црвено знаме во последните 18 кругови.
Во целиот хаос на патеката, Антонели успеа безбедно да дојде до целта пред Луис Хамилтон. Третото место го има Исак Хаџар, но, тоа може да се промени доколку заработи казна за направениот прекршок.
Понатаму во зоната за бодови влегоа и Оскар Пјастре, Лиам Лосон, Арвид Линдблад, Пјер Гасли, Алекс Албон, Естебан Окон и Серхио Перез. Антонели е лидер со 156 бодови пред Хамилтон со 90 и Расел со 88 бодови.