Драконска казна за Марвин Брејси-Вилијамс

Носителот на светското сребро на 100 метри, Марвин Брејси-Вилијамс, доби 12-годишна забрана поради непочитувањето на правилата, објави Анти-допинг агенцијата на Соединетите Американски Држави.

32-годишниот Американец во три наврата не ги известил луѓето од УСАДА за неговата локација иако протоколот бара од спортистите да ги информираат анти-допинг властите најмалку за еден час во текот на денот за да бидат достапни за ненајавено тестирање.

На Брејси-Вилијамс ќе му бидат одземени сите трофеи, бодови и награди што ги освоил во периодот од 1 јули во 2025 па се до денеска.