Јуве ќе го менува голманот, во опција пет чувари на мрежата

Во сенката на неуспешните преговори со Душан Влаховиќ и неговите евентуални алтернативи, раководството на Јувентус активно работи на пронаоѓање нов голман. Минатосезонската прва опција, Микеле Ди Грегорио, не ги исполни при очекувањата.

Постојат повеќе опции за негов наследник, но некои желби се покажаа нереални. Така, Јувентус доби негативен одговор од Ливерпул за Алисон и од Астон Вила за Емилијано Мартинез.

Меѓу најсериозните кандидати е Гуљелмо Викарио од Тотенхем. Иако има две години од договорот со лондонскиот клуб, опција за трансфер е вклучување на левиот бек Дестини Удоги во пакет договор со Јувентус, особено ако Камбијазо го напушти клубот.

Ако оваа можност не се реализира, според порталот ”FirenzeViola”, Јувентус го разгледува и шпанскиот ветеран Давид Де Хеа, кој ги помина последните две сезони во Фиорентина.

Списокот со потенцијални засилувања тука не завршува, бидејќи е отворен и контакт со Милан за голманот Мајк Менјан.