Хвалинска скокна 93 места на ВТА листата

Маја Хвалинска од Полска, имаше сензационален настап на Ролан Гарос, од квалификациите стигна до финалето на грен слем турнирот, а тоа и донесе и небесен скок на ВТА листата.

Хвалинска турнирот го почна на 114 место на ВТА ранг листата, а денеска е 21. тенисерка во светот. Тоа е напредок од дури 93 позиции.

Победничката на Ролан Гарос, Мира Андреваа со напредок од две позиции дојде до шестото место.

Прва и понатаму е Арина Сабаленка, зад неа се Елена Рибакина, Ига Швјонтек, Џесика Пегула и Аманда Анисимова.

Кај мажите прв останува Синер, пред Алкараз, Зверев, Алијасим и Шелтон.