Богдан Богдановиќ не се враќа во Европа и ќе остане во НБА лигата

Иако се шпекулира за можно враќање на Богдан Богдановиќ во Евролигата, најновите информации укажуваат дека капитенот на српската кошаркарска репрезентација ќе остане во НБА најмалку уште една сезона.

Според американските медиуми, информација што ја потврди и грчкиот спортски портал СДНА, Богдановиќ донел одлука и во следната сезона да настапува во најсилната кошаркарска лига во светот.

Во изминатиот период често се споменуваше можноста за негово враќање во Европа, а меѓу најзаинтересираните за негов ангажман беа навивачите на Партизан, како и неколку европски кошаркарски великани, кои настапуваат во Евролигата.

Прашањето е сега во кој клуб ќе ја продолжи кариерата следната сезона, со оглед на тоа што во вториот дел од сезоната неговата улога во тимот на Лос Анџелес Клиперс беше значително намалена.

Минатата сезона Богдановиќ просечно поминуваше по 19,7 минути на паркетот, при што бележеше 7,4 поени, 2,8 скока и 2,2 асистенции по натпревар.