Дејвис Куп репрезентативците ги добија противниците за групниот дел

На турнирот од Третата Европска група во Дејвис Купот кој ќе се реализира во Кишињев, Македонија ќе игра во групата „Б“ со домаќинот Молдавија, со Грузија и Косово.
Првиот меч ќе го имаме утре против домашната селекција која е еден од фаворите за висок пласман. Боите на Македонија ќе ги бранат: Калин Ивановски, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и натурализираниот, Олег Приходко. Во другата група се сместија: Азербејџан, Ирска, Летонија и Црна Гора.
Победниците во двете групи ќе изборат промоција во повисок ранг додека второпласираните ќе играат бараж-меч а победникот ќе замине во Втората Светска група.