Касадо заминува од Барса, го бараат неколку премиерлигаши

Манчестер Јунајтед и Челзи се заинтересирани за фудбалерот од средниот ред на Барселона, Марк Касадо.

„Црвените ѓаволи“ започнале преговори додека „сините“ ја следат ситуацијата но, не можат да му гарантираат постојано место во стартната постава.

Фудбалерот игра за каталонскиот клуб од јули 2024 година. Неговиот тековен договор е до 30 јуни во 2028 година а проценетата вредност на трансфер-пазарот е 18 милиони евра.