Седлоски: Треба да гледаме кон иднината

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, на денешната средба со новинарите направи кратка анализа на последните мечеви и најави што планира во иднина.
„Повикав повеќе фудбалери од македонското првенство и сите добија шанса. Очекуваме и посакуваме некое ново име од младата репрезентација кое биде повикано во сениорската репрезентација.
Мора да бидеме реални и да кажеме дека не чекаат тешки предизвици во Лигата на Нации. Знам дека тие што ќе бидат повикани ќе го дадат максимумот. Треба да го оставиме лошото зад нас“ – рече Седлоски.