Џо Кол го препорачува Рашфорд за нападот на Челзи

Поранешнииот фудбалер, Џо Кол, ги советува луѓето од Челзи да направат напор да го купат напаѓачот, Маркус Рашфорд, кој веројатно ќе се врати во Јунајтед доколку Барса не му го продолжи договорот за позајмица.

„Сè се сведува на плата и цена. Тој е добар избор од многу аспекти но, не би сакал да потрошам богатство на него.

На Челзи му е потребно продуктивно напаѓачко трио, искусен централен дефанзивец и можеби голман“ – рече поранешниот играч од средниот ред на „сините“.