Фатјон Реџа е прво засилување на Работнички за новата сезона

Кошаркарскиот клуб Работнички го потврди ангажманот на Фатјон Реџа кој доаѓа од Чаир.
„КК Работнички АД Скопје ја известува јавноста и сите љубители на Работнички дека нов кошаркар, воедно и прво засилување за наредната сезона, е Фатјон Реџа.
Фатјон доага од редовите на Чаир 2030 АД Скопје каде помина 4 сезони. Во минатата сезона на 25 одиграни средби просечно бележеше 12,2 поени, 6,7 скокови и 2,7 асистенции по натпревар.
Реџа е висок 2 метра, успешно игра на позициите 4 и 3. Помеѓу другото, го краси борбена и корисна игра“, се вели во соопштението на Работнички.