Пуштена во употреба реновираната сала „Расадник“

Денеска беше пуштена во употреба темелно реконструираната сала –„Расадник“ која повторно ќе биде дом на двократниот европски ракометен шампион Вардар како и на повеќе спортски субјекти кои гравитираат во Општина Кисела Вода.

На отворањето на новиот спортски храм прусуствуваа: Премиерот, Христијан Мицкоски, Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Министерот за спорт, Борко Ристовски како и градоначалничката на Општината, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Салата располага со капацитет од 1000 седишта, реконструиран терен, уредени трибини, нови соблекувални, простории за стручните тимови, теретана, придружни спортски содржини како и сопствен систем за греење и освежување.