Црвена Звезда го претстави Ѓорѓи Ѓоргиев

Организаторот на играта на македонската репрезентација, Ѓорѓи Ѓоргиев е нов техничар на Црвена Звезда.

Српскиот клуб официјално му посака добредојде на искусниот македонски репрезентативец и го претстави како засилување на екипата за новата сезона.

Ѓоргиев за првпат ќе игра во српскиот шампионат откако претходно интернационалната кариера ја градеше настапувајќи во клубови од Бугарија, Турција, Полска и Франција. Техничарот минатата сезона настапуваше за францускиот клуб Алтерна.

Ѓоргиев откако успешно го затвори трансфер периодот, сега ќе може мирно да се фокусира на обврските со националниот тим, со кој викендот го игра вториот турнир од Европската лига 2026, а во септември го очекува и настапот на Европското првенство во Софија.