У19: Македонските фудбалерки во група со Србија, Црна Гора и Азербејџан
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ги дозна противниците во квалификациите за пласман а Европското првенство 2027.
Жрепката во седиштето на УЕФА во Нион одлучи македонската младинска репрезентација да биде дел од групата Б 3 заедно со селекциите на Србија, Црна Гора и Азербејџан.
Домаќин на квалификацискиот турнир што ќе се одржи од 26 ноември до 2 декември ќе биде Србија.
Пласман во втората квалификациска рунда и А дивизијата ќе обезбедат првопласираните репрезентации од шесте квалификациски групи во б дивизијата и една најдобро второпласирана селекција.
Домаќин на Европското првенство за фудбалерки до 19 години во 2027 ќе биде Унгарија.