Дејвис Куп: Македонија избори пласман во Втората Светска група

Македонската Дејвис куп репрезентација избори промоција во Втората Светска група од Дејвис купот откако денеска во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1. Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во играта на двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (7-6(4) и 6-2).
Претходно во првиот сингл меч Ивановски го победи Срѓан Кнежевиќ со 2-0 во сетови (6-2 и 6-4), додека Олег Приходко загуби од Петар Јовановиќ со 2-0 (6-4, 7-5).
Во дуелот за првото место денеска Молдавија ја победи Летонија со 2-0, во мечевите за пласман Грузија го победи Азербејџан со 2-0, а Република Ирска беше поуспешна од Косово со 2-0.
Пласман во Втората Светска група изборија Молдавија, Летонија и Македонија, опстанок во Третата Европска група обезбедија Црна Гора, Грузија и Република Ирска, додека Косово и Азербејџан испаѓаат и се селат во Четвртата Европска група.