Австралија ја надигра Турција и направи голем чекор кон нокаут-фазата

Селекцијата на Турција со пораз го стартуваше настапот на Светското првенство откако со 0-2 го загуби мечот од Австралија во првото коло од Мундијалот.

Турците беа фаворити во овој натпревар, ја имаа топката во своите нозе, повеќе од 70 проценти имаа посед, но не успеаа да го најдат патот до мрежата на Бич.

Австралија одигра тактички соврешен натпревар, силна дефанзива и контра напади беа она што го правеа во текот на целиот тим, на крајот се исплатеше.

Мечот беше отворен во 27. минута кога Арда Ѓулер не успеа да реализира, а по една контра на спротивната страна Иранкунда даде гол за водство на Австралија од 1-0.

Три минути подоцна сантиметри фалеа Турција да изедначи, Бардакчи шутираше и ја погоди стативата од голот на Австралија.

Во останатиот тек од мечот Турција јалово се обидуваше да дојде до израмнување, а Австралијците беспрекорно се бранеа.

Победникот беше решен на 15 минути пред крајот кога Конот Меткалф со шут од далечина ги постигна конечните 2-0.