Мекгин со златен гол донесе победа на Шкотска над Хаити

Репрезентацијата на Шкотска го отвори Светското првенство со минимална победа од 1-0 против Хаити. Единствениот погодок на натпреварот, кој се покажа како вреден три бода, беше дело на Џон Мекгин.

Двете селекции одиграа прилично изедначен натпревар, клучната разлика на теренот ја направи токму снаодливоста на шкотскиот репрезентативец.

Одлучувачкиот момент се случи во 28. минута. Мекгин одлично реагираше во една голема мешаница во казнениот простор, топката стигна до него, а по неговиот удар и со помош на противничките дефанзивци, таа заврши во мрежата на Хаити.

До крајот на средбата резултатот остана непроменет, па овој гол беше сосема доволен за Шкотланѓаните да тргнат победнички на овој Мундијал.

По комплетирањето на првото коло, Шкотска е лидер со три бода, Бразил и Мароко имаат по еден, Хаити е без бодови.

Во следната рунда, шкотскиот национален тим силите ќе ги одмери со Мароко, додека Хаити ќе има тешка задача против Бразил, кој на тој меч ќе го бара својот прв триумф на првенството.