Франција и Белгија домаќини на Европското првенство за ракометарки во 2030 година

Франција и Белгија заедно ќе го организираат Европското првенство во ракомет за жени во 2030 година, објави денеска Француската ракометна федерација (FFHandball).

„Откако машкото Европско првенство во 2029 заедно го организираме со Германија, а организацијата на Европското првенство за ракометари во 2032, исто така, им беше доделена на Франција и Германија, Француската федерација ја потврдува својата водечка улога на европската и глобалната ракометна сцена“, се вели во соопштението на FFHandball.

Градовите домаќини сè уште не се објавени и ќе бидат познати подоцна.

Објавата дојде за време на завршниот турнир од Лигата на шампиони за мажи што овој викенд ќе се игра во Келн.