Кака: Јас сум еден од најлошите трансфери во историјата на Реал

Реал Мадрид низ својата историја го градел својот углед како клуб кој не се задоволува со просек. Обично во Мадрид пристигнуваат најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, играчи кои доаѓаат како најдобри во своите лиги и како лидери на своите репрезентации.
Неуспешни инвестиции навистина имало многу, и тешко е да се одбере “најлошиот трансфер на Реал”. Самата бразилска легенда Кака дојде во Реал како голема ѕвезда од Милан и еден од најдобрите фудбалери во светот, но не успеа да се снајде во новата средина.
Бразилецот дојде во Мадрид во 2009 година од Милан како еден од најдобрите фудбалери во светот и освојувач на Златната топка. Тогаш изгледаше дека Реал Мадрид добива ѕвезда која ќе обележи нова ера за Галактикосите.
Меѓутоа, неговиот престој во шпанската престолнина не помина како што очекуваа навивачите и клубот. Честите повреди и силната конкуренција во тимот влијаеја на тоа да никогаш да не постигне континуитет.
Токму на тоа се осврна и самиот Кака, истакнувајќи дека неговото име денес често се појавува на списоците на најлошите трансфери на Реал Мадрид, што според него, не го изненадува.
“Ако барате најлоши трансфери на Реал Мадрид, јас веднаш се појавувам таму покрај Азар,” порача Бразилецот, алудирајќи и на белгискиот фудбалер кој исто така остана далеку под очекувањата во Мадрид.