Азар: Белгија има добар спој на млади и искусни фудбалери

Поранешниот репрезентативец на Белгија, Еден Азар, ги процени шансите на неговата земја на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. „Црвените ѓаволи“ в понеделник ќе излезат на мегдан со Египет во меч од првото коло.

„Нема сомнение дека Белгија е најдобриот тим групата но, првиот натпревар никогаш не е лесен. Тимот е мешавина од ветерани и нова генерација“ – рече Азар.

„Очекувањата се високи секако но, пониски отколку во 2018 и 2022 година. Тогаш знаевме дека имаме играчи од врвни клубови кои освојуваат трофеи секоја година“ – рече Белгиецот.