Куман: Да го направиме првенството незаборавно за нашиот капитен

Селекторот на Холандија, Роналд Куман, го нагласи значењето на капитенот Вирџил ван Дајк пред денешниот прв натпревар против Јапонија на Светското првенство.
63-годишникот рече дека секој селектор има желба неговиот капитен да биде клучна фигура на теренот и надвор од него. 34-годишниот Ван Дајк ќе започне како лидер во одбраната.
„Кога е на теренот тој е одличен дефанзивец. Надвор од него е силна личност. Тој ја одржува атмосферата“ – рече Куман со напомена дека Ван Дајк веројатно го игра последно Светско првенство со оглед на неговата возраст.