Монтела: Моја е одговорноста за поразот, не се виновни фудбалерите

Селекторот на фудбалерите на Турција, Винченцо Монтела, се осврна на поразот од Австралија во воведниот меч за двете селекции на тековниот Мундијал. „Кенгурите“ победија со 2-0.

„ Кога топката не влегува во голот работите не одат како што треба. Имавме 30 шутеви. Од тактичка гледна точка играта не помина како што сакавме. Противникот беше набиен во одбраната. Примивме два гола по контра-напади. Фудбалерите се подготвени за наредните предизвици“ – рече селекторот на Турција.