Гејчи го победи Топурија и стана шампион

Утринава се одржа посебниот УФЦ настан, локацијата беше Белата куќа, а еден од гледачите беше и американскиот претседател Доналд Трамп. Џастин Гејчи направи големо изненадување победувајќи го Илија Топурија во главната борба.

Шпанецот со грузијско потекло, Илија Топурија важеше за огромен фаворит, дури и кога беше најавена борбата многумина тврдеа дека борбата нема да биде рамноправна и му е потребен посилен противник.

Но, Џастин Гејчи кој важи за американски патриот, очигледно дополнително мотивиран од локацијата на настанот, не само што победи, туку и го претепа Илија Топурија и му ја зема титулата.

Борбата беше прекината по четвртата рунда откако братот и тренер на Топурија го побара тоа. Илија претрпе многу штета на телото и едноставно не можеше да продолжи.