Македонските клубови ги добија потенцијалните ривали за второто коло во евро-куповите

Екипите на Силекс и Шкендија кои ќе играат во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, веќе ги знаат ривалите со кои би играле доколку ја пројдат првата пречка.
Шкендија важи за фаворит против Европа од Гибралтар, додека Силекс доби тешка задача против Динамо Минск од Белорусија.
Доколку Шкендија го мине противникот, во 2. Квалификациско коло игра против Браво од Словенија, првиот меч е како гостин, вториот е како домаќин, додека Силекс доколку биде подобар од Динамо Минск ќе патува во Азербејџан, кај Нефчи.
Исто така во втората квалификациска рунда на Конференциската лига може да се најде и Вардар, ако испадне од фински КуПС во 1. квалификациско коло за ЛШ. Црвено-црните во ова натпреварување би играле со Арарат од Ерменија или Рига од Летонија. На првиот меч би биле домаќини.
Натпреварите од второто коло во КЛ се играат на 23 јули и 30 јули.