Спалети го носи Елмас во Јуве

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас би можел да направи трансфер во Јувентус, ова ќе се случи доколку раководството на клубот од Торино му ја исполни желбата на тренерот Лучано Спалети.

Со крајот на сезоната на Елмас му истече позајмицата во Наполи. Тој е играч на Лајпциг, но многу е мала веројатноста дека ќе се врати да игра во германскиот клуб.

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио тврди дека тренерот на Јувентус, Лучано Спалети лично побарал од раководството на клубот да му го донесат Елмас.

Македонскиот фудбалер играше под водство на Спалети во Наполи кога го освоија Скудетото.