Кејн руши рекорди, само Меси има повеќе голови во една сезона од Англичанецот

Напаѓачот на Англија и Баерн Минхен, Хари Кејн, го сруши личниот рекорд на напаѓачот на Португалија и Ал-Наср, Кристијано Роналдо, за најмногу постигнати голови за клубот и репрезентацијата во една сезона.

Голот против Панама (0-2) на Светското првенство во 2026 година беше 70-ти за капитенот на Англија во сезоната 2025/2026. Роналдо постигна 69 гола за Реал Мадрид и за репрезентацијата на Португалија во сезоната 2011/2012.

Во 21 век, рекордот за голови во една сезона му припаѓа на поранешниот напаѓач на Барселона и сегашен капитен на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, кој постигна 82 гола во сезоната 2011/2012.