Полска и Аргентина одиграа историски сет-маратон со 98 поени

На мечот од Лигата на нации меѓу Полска и Аргентина е поставен рекорд, двете селекции одиграа неверојатен сет со дури 98 поени.
Се играше на разлика, но сетот изгледаше како да нема крај, конечно заврши со 50-48 за Аргентина.
Бројот на поени е доволен за два добри сета, но овој пат ги видовме само во еден.
Ова е најдолгиот сет во историјата на одбојката. Траеше 62 минути.