Тони Паркер ќе го води Асвел како тренер во Евролигата

Францускиот поранешен кошаркар Тони Паркер официјално е назначен за нов тренер на евролигашот Асвел, потврди францускиот клуб
Поранешната НБА ѕвезда, 44-годишниот Паркер, веќе подолг период има клучна улога во структурата на клубот и од 2014 година е претседател на клубот и човек кој го предводеше модернизирањето и развојот на тимот од предградието на Лион. Сега, покрај раководната функција, ќе ја преземе и тренерската улога.
Паркер за време на богатата играчка кариера која речиси целосно ја помина во Сан Антонио освои пет НБА титули.
Во 2007 година беше прогласен за најкорисен играч во финалето, а во 2013 година ја предводеше репрезентацијата на Франција до титулата европски шампион.