Шаповалов елиминиран уште на стартот на Вимблдон

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов го заврши настапот на годинашниов Вимблдон, откако поради повреда на рамото го предаде мечот со Шпанецот Пабло Карено Буста. По два одиграни сета шпанскиот тенисер имаше водство од 2-0 во сетови (6:3 и 7:6), кога Шаповалов по нецели два часа го предаде мечот. Инаку, Шаповалов беше полуфиналист на Вимблдон во 2021 година.
Во следната рунда Буста ќе игра против сонародникот Рафаел Ходар, кој без проблем го победи домашниот тенисер Британецот Феликс Хил со 3-0 во сетови.
Денеска на Централниот терен на Вимблдон ќе играат првите носители Јаник Синер кај мажите и Арина Сабаленка кај жени и повеќекратниот победник на овој Гренд слем турнир Новак Ѓоковиќ. Настапите на овие тројца тенисери секако привлекуваат и најголемо влијание.