Анисимова: Лина игра одличен тенис!

Шестата тенисерка во светот, Аманда Анисимова, која релативно лесно ја победи нашата Лина Ѓорческа, по крајот на мечот ја пофали Македонката.
Анисимова го доби мечот со 6-3 и 6-2, но Лина имаше моменти во мечот во кои покажа дека не случајно се пласираше на Вимблдон.
По мечот доби признание од Анисимова.
„Ѓорческа имаше неколку натпревари тука пред овој меч, таа игра одличен тенис. Јас сум среќна што се вратив тука по ланското финале и што се пласирав во второто коло. Работев напорно за овој турнир и сакам повторно да се покажам во одлично светло“, рече Анисимова по мечот против Ѓорческа.