Нуса и Халанд го одведоа норвешкиот тим до историски дуел против Бразил

Репрезентацијата на Норвешка забележа триумф од 2-1 против Брегот на Слоновата Коска и си обезбеди место меѓу најдобрите 16 на Светското првенство, а херој на мечот беше Ерлинг Халанд со одлучувачки погодок во самиот финиш.

Скандинавската селекција имаше подобар старт, но набрзо африканскиот тим ја презеде контролата и почна да диктира темпо на теренот.

И покрај тоа, во 39. минута резултатот беше отворен со индивидуалната брилијантност на Нуса, кој донесе предност од 1-0 за Норвешка. Фудбалерот на Лајпциг постигна навистина извонреден погодок.

По паузата, „слоновите“ тргнаа офанзивно по израмнување, што конечно им успеа во 74. минута кога Диало круниса една одлична акција за 1-1.

Сепак, радоста за Норвежаните ја донесе Халанд во 86. минута. Боб започна прецизна акција, Берг мајсторски асистираше, а расниот голгетер стрелаше прецизно за конечни 2-1.

Во последната минута од судиското надополнување Диало опасно биеше од слободен удар, но норвешкиот чувар на мрежата одговори со фантастична интервенција и ја спаси победата.

За место во четвртфиналето, Норвешка ќе ги одмери силите со фаворитот, селекцијата на Бразил.