Силекс ги распродаде влезниците за мечот против Динамо Минск!

Силекс во четврток го игра реванш натпреварот против Динамо Минск во рамките од првото квалификациско коло во Конференциската лига, билети за мечот веќе нема.
Кратовскиот клуб информираше дека мечот е целосно распродаден. Клубот им се заблагодари на фановите за поддршката.
Натпреварот меѓу Силекс и Динамо Минск се игра на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошвески“ во Скопје.
Силекс има предност од 1-0 по првиот натпревар.
Натпреварот почнува од 20 часот, а оние кои не обезбедија билет ќе можат да го гледаат на Арена Македонија.