Де Јонг со сериозна повреда се врати од Мундијалот

Според пишувањата на Марка, Френки де Јонг заработил посериозна повреда на коленото на мундијалот во САД и може да паузира и до четири месеци.
Френки де Јонг, како и Роналд Араухо, го скрати одморот и во понеделникот се пријави на подготовките за новата сезона на Барселона.
Но редовните лекарски прегледи донеле лоши вести, како што пренесува Марка, Холанѓанецот се вратил од Светското првенство со посериозна повреда на коленото.
Во следните денови ќе бидат направени детални испитувања, и доколку се потврдат црните прогнози, Френки де Јонг би можел да паузира и до четири месеци.