Карл Дарлоу од Лидс се сели во Манчестер Јунајтед

Манчестер јунајтед од денеска има уште една опција на голманската позиција, откако клубот го ангажираше искусниот Карл Дарлоу.

Триесет и петгодишниот чувар на мрежата минатата сезона настапуваше за Лидс, а по истекот на договорот реши да ја прифати понудата од „Олд Трафорд“.

Во дресот на Лидс минатата сезона бранеше на 22 натпревари, а се очекува во новата сезона да биде резерва на белгискиот голман Ламенс, кој неславно се најде во центарот на вниманието по настапите за својата репрезентација на Светското првенство во САД.

Со доаѓањето на Дарлоу, речиси сигурно е дека Алтај Бајиндир ќе го напушти Манчестер јунајтед, додека веќе е договорено Андре Онана повторно да замине на позајмица во турски Трабзонспор.

Во ростерот е и младиот Радек Витек, кој минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во Бристол и беше прогласен за најдобар играч на тимот. Сепак, најверојатно и следната сезона ќе ја мине на нова позајмица.