Шампионски прстени за светските прваци по неделното финале

Финалето на Светското првенство, помеѓу Аргентина и Шпанија, ќе се игра во недела со почеток во 21:00 часот во Њу Џерси.
Како што е наведено од ФИФА, на победничкиот тим ќе му биде доделен и нов симбол на триумф – шампионски прстени.
„Секој прстен ќе биде дел од строго ограничена серија од само 2.026 индивидуално нумерирани примероци, што е директна почит кон самиот турнир“, соопшти ФИФА.
„Од тој број, 30 ќе бидат доделени на победничкиот тим, додека 1.996 примероци ќе им бидат достапни на навивачите ширум светот како официјално лиценцирани производи, овозможувајќи им да поседуваат уникатно парче од историјата на Светското првенство во 2026 година“, се додава во соопштението.