Пелистерци ќе започнат и ќе завршат на домашен терен

Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, се најде во тешка група во Европската лига. Битолчани ќе бидат дел од групата Г заедно со германски Гумерсбах, шпанската Ла Риоха и Гдањск од Полска.
Познат е и календарот на натпреварувањето, во кое пелистерци ќе започна и ќе завршат на домашен терен.
Распоред на натпреварите:
Прво коло, 29/30 септември, Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
Второ коло, 6 октомври, Вибеже Гдањск – Еурофарм Пелистер
Трето коло, 13 октомври, Гумерсбах – Еурофарм Пелистер
Четврто коло, 16 ноември, Еурофарм Пелистер – Гумерсбах
Петто коло, 24 ноември, Ла Риоха – Еурфарм Пелистер
Шесто коло, 1 декември, Еурофарм Пелистер – Вибжеже Гдањск
Пласман во следната фаза ќе обезбедат најдобрите две екипи од секоја група.