Швајцарија ќе ја пречека Македонија во Луцерн

На 6 октомври фудбалската репрезентација на Македонија ќе ѝ гостува на Швајцарија во натпревар од Лигата на нации.
Швајцарците се одлучија да ја пречекаат нашата репрезентација во Луцерн, на стадион кој има капацитет од 16.800 гледачи.
Тие последен пат на овој стадион биле домаќини пред две години кога ја победиле Естонија со 4-0.
Швајцарија во Луцерн загубила само еднаш, во 2012 година од Романија.
Македонија ќе има тешка задача во Лигата на нации, покрај Швајцарија во нашата група уште се и селекциите на Шкотска и Словенија.
Со Шкотска ќе играме во Глазгов, додека со Словенија во Љубљана.