Вардар и Шкендија ги добија можните ривали за третото коло во КЛ

Денес во Нион се одржи ждрепката за третата квалификациска рунда во Конференциската лига, по која екипите на Вардар и Шкендија ги дознаа можните ривали во следната рунда. Ако успешно ја мине втората фаза, шампионот Вардар за противник во третото коло ќе го има победникот Атерт Бисен (Луксембург) или ЕТО Ѓер (Унгарија). Вардар ќе биде домаќин на првиот натпревар.

Шкендија за можен ривал во третото коло го доби подобриот од дуелот меѓу Малишева (Кос) и Хибернијан (Шко). Ако тетовци го минат словенечки Браво, во првиот меч од следното коло ќе бидат гости, а реваншот ќе го одиграат на домашен терен.

Натпреварите од ова 3. квалификациско коло од Конференциската лига се закажани за 6 и 13 август.