Шпанија нов лидер на светската ФИФА листа

Нов светски шампион е и нов број еден. Шпанија ја презеде лидерската позиција, симнувајќи ја Аргентина од врвот. „Црвената фурија“ сега е првопласирана со 1.995 бодови, додека актуелниот вицешампион Аргентина падна на второто место со 1.970 бодови. Франција ја задржа третата позиција, пред Англија, која останува четврта на светот.
Промени има и во продолжението на поредокот. Бразил се искачи на петтото место и го престигна Мароко, кој сега е шести. Португалија назадуваше за две позиции и се наоѓа на седмото место.
Во Топ 10 уште се Белгија, Холандија и Мексико, додека едно од најголемите изненадувања е падот на Германија, која повеќе не е меѓу десетте најдобри репрезентации и сега се наоѓа на 12. позиција.
Македонската репрезентација ја задржа својата позиција на најновото рангирање и останува на 69. место на ФИФА-листата.