Алекс Баена освои Европско првенство, олимписко злато и Мундијал

Шпанскиот фудбалер Алехандро Баена Родригез, попознат како Алекс Баена, оствари единствено достигнување во историјата на фудбалот.

Баена стана првиот играч што во кариерата ги освоил титулите на Светското првенство, Европското првенство и Олимписките игри.

„Светски шампион. Европски шампион. Освојувач на олимписки златен медал. Единствениот во целата историја на фудбалот. Алехандро Баена Родригез“, објави неговиот клуб Атлетико Мадрид.