Рома ја подобри понудата за Самервил

Рома не се откажува од потписот на холандскиот репрезентативец Крисенсио Самервил.
Според информациите од инсајдерот, Фабрицио Романо, „волчицата“ е подготвена да испрати и трета понуда за Самервил, овој пат вредна 47 милиони евра.
Крилниот напаѓач на Вест Хем и холандската репрезентација претходно доби понуда од Рома вредна 46 милиони евра, но Вест Хем ја одбил.
Минатата сезона, Самервил постигна шест гола и имаше две асистенции во 31 натпревар од Премиер лигата.